X
 20.04.2023 Живот

Европа покрена проект за собирање сончева енергија од вселената

Европската вселенска агенција започна две паралелни концептуални студии за создавање комерцијални вселенски соларни електрани. Станува збор за проект на новата иницијатива СОЛАРИС, чија цел е да ја испита изводливоста и исплатливоста на собирањето сончева енергија од вселената, со цел да се задоволат потребите за чиста енергија на Земјата.

Собирање на сончевата енергија

Двете истражувања треба да завршат пред крајот на оваа година, а ги водат Артур Литл и Талес Аленија Спејс. Во проектот се вклучени и големите енергетски играчи како француската енергетска компанија ЕНГИЕ и италијанската енергетска компанија ЕНЕЛ.

Идејата е едноставна: да се собере сончева енергија во орбитата на Земјата, каде што е постојано достапна и во изобилство, а потоа безжично да се испрати на Земјата. Собирањето сончева енергија од вселената би ја направило електричната енергија сигурна и континуирано достапна.

СОЛАРИС беше одобрен во ноември 2022 година на ниво на европските министри. Во следните две и пол години треба да се спроведат серија истражувања за да се проценат предностите, имплементацијата, комерцијалните можности и можните ризици од искористувањето на сончевата енергија од вселената. Ова треба да ѝ овозможи на Европа да донесе одлука до крајот на 2025 година дали ќе го продолжи проектот или ќе го затвори.



Истражувањата ќе разгледаат што е можно поширок опсег на опции, вклучувајќи и истражување на сите различни начини за безбедно и ефикасно пренесување на енергијата на Земјата.

Глобален интерес


СОЛАРИС беше лансиран во време на растечки глобален интерес за енергија од вселената. Американците го лансираа сателитот „Спејс солар пауер демонстрејшн“ на „Калтех“ во орбитата за да ги тестираат клучните технологии, вклучувајќи го и микробрановиот пренос на сончевата енергија од вселената.



Извор: Bug.hr
Фото: Airbus
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот