Денес е среда, 19 октомври 2016 година, 293-иот ден во годината. Денес
сонцето неможеме да го видиме но ќе изгрее во 06:45, а ќе зајде во 17:49
часот. Денот ќе трае 11 часа и 03 минути.
Како што ви најавивме вчера, врнежите од дожд кои започнаа синоќа,
продолжија и во текот на ноќта а ги имаме и денес во утринските часови
речиси насекаде. Локално има и појава на слаба магла.
МАКЕДОНИЈА - Врнежите од дожд кои што во започнаа синоќа, ќе продолжат
и денес во утринските и претпладневните часови. Попладне врнежите ќе
престанат, а во доцните попладневни часови ќе има услови за појава на
магла, која ќе се задржи и во вечерните часови и во текот на ноќта среда
кон четврток која понекаде ќе услови и намалена видливост до 100 метри.
Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури
од 6 до 12 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 9
односно до 16 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје денеска во утринските и раните претпладневни часови
облачно со слаби врнежи од дожд кои попладне ќе престанат, но облачноста
и понатаму ќе остане а ќе има и појава на магла. Ќе дува доумерен
југоисточен ветер. Утринската температура од 10 степени, а максималната
дневна до 14 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток умерено облачно со повремени сончеви
периоди и малку потопло време со температури кои ќе достигнат до 12
односно до 19 степени. Во петок претпладне умерено облачно со сончеви
периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд и температури од 10 до 17
степени. Во сабота умерено облачно со сончеви периоди, попладне во
северозападните, западните и југозападните предели со услови за сосема
слаби и локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе достигнат до 13
односно до 20 степени. Во недела умерено облачно со сончеви периоди и
потопло време со максимални температури кои ќе достигнат до 16 односно
до 23 степени.
Weather4all.com.mk