Во Македонија претпладне ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди. Попладне развој на нестабилност со услови за локални врнежи од дожд. Локални врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта петок кон сабота. Умерено облачно со сончеви периоди во текот на целиот ден ќе биде во југоисточните предели.
Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели слаб југозападен ветер.
Утринските температури од 2 до 11 степени, а дневните од 13 до 23 степени.
Локални врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта петок кон сабота.
Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне и во вечерните часови нестабилно со услови за врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 19 степени
Во сабота во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд кои попладне ќе престануваат. Напоменуваме дека се работи за слаби врнежи од дожд.
Во недела и понеделник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и релативно топло. Минималните температури од 3 до 13 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 15 односно до 25 степени.
Во вторник во Македонија ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и благ пад на дневните температури. Минималните од 6 до 15 степени, а дневните од 13 до 23 степени.
Weather4all.com.mk