X
 25.10.2016 Образование

Зимскиот распуст годинава ќе трае четири дена помалку

Зимскиот распуст годинава ќе трае четири дена помалку, пренесува дневниот весник „Вест“. Послениот ден од првото полугодие е 30 декември (петок), а првиот училишен ден од второто полугодие е на 18 јануари, (среда). Следниот ден, четврток е повторно неработен ден, поради празникот Богојавление (Водици). Во петок децата се повторно на училиште.




- Годинава распустот ќе биде покус за четири дена во однос на учебната 2015/16 година, затоа што во текот на годината има многу празници кои се паѓаат во работни денови. А учебната година, согласно законите за основно и за средно образование, мора да трае 180 работни денови - велат од Министерството за образование и наука.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование