X
 10.04.2018 Образование

В сабота на училиште!

Претстојната сабота (14 април) ќе биде работна за училиштата. Учениците во основните и средните училишта ќе одржуваат часови според распоред од петок. Ова е последна сабота што ќе се одработува за оваа учебна година, односно четврта сабота во цела учебна година, која мора да биде работна. На тој начин се задоволува законската одредба за настава реализирана во 180 работни дена, објаснуваат од Министерството за образование и наука.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование