X
 28.10.2016 Образование

Потпишан Меморандум за соработка меѓу АЦВ и ФЕИТ

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Горан Јандреоски и деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, (ФЕИТ), Димитар Ташковски, денеска во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка.



Со потпишувањето на документот, двете институции се обврзаа на меѓусебна поддршка при инвестициски активности, обезбедување студентска пракса, давање препораки за вработување, развојно-истражувачки проекти преку соработка на експертски и професионални тимови, едукативни активности и континуирано образование на инженерско-технички кадар.

Поздравувајќи го потпишувањето на документот, директорот на АЦВ, Горан Јандреоски потенцираше, дека истиот, преставува значаен чекор напред во унапредувањето на соработката меѓу двете институции, но и солидна основа за мотивирање на студентите од факултетот, да влезат во натпревар на знаења и стекнување нови вештини и искуства, знаејќидека нивниот труд солидно ќе биде трасиран, валоризиран и награден.

„Соработката меѓу АЦВ И ФЕИТ, преставува импулс повеќе во развојот на севкупните општествени процеси, кои налагаат, образование во функција на потребите на индустријата, но, и неопходност, знаењето да остане единствената моторна и мериторна сила, двигател на европски ориентираните перспективи на македонското општество“, порача Јандреоски.

За деканот на ФЕИТ, Димитар Ташковски, потпишувањето на Меморандумот со АЦВ, значи зголемување на соработката и создавање услови за меѓусебна поддршка при реализација на нивните цели.

“Како Факултет соработуваме со многу институции и компании при реализација на нашите истражувачки, едукативни и образовни функции. Нашите студенти во иднина ќе имаат можност да реализираат пракса и во АЦВ, ќе работиме на развојно-истражувачки проекти преку соработка на нашите eкспертски и професионални тимови, секако и ќе обезбедиме континуирано образование на инженерско-техничкиот кадар. Иако досега сме соработувале со АЦВ, во иднина ќе ја продлабочиме меѓусебната соработка и преку размена на информации од заеднички интерес, одбележување на деловни, годишнини и јубилеи“, подвлече Ташковски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование