X
 06.09.2017 Образование

ФЕИТ со воведен курс за програмирање

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да ги научат основите на програмирањето, новозапишаните и актуелните студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии може да го посетуваат новиот курс за програмирање Code@FEIT2017. Курсот, петти пат по ред, го организира Институтот за компјутерски технологии и инженерство при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и ќе трае од 11 до 15 септември.

 

Слушателите, во петте работни денови, ќе се запознаат со основите на програмирањето и дизајнирањето алгоритми, а ќе имаат можност, преку интерактивна настава, практично да преточуваат проблеми во алгоритми и потоа, во програмски код.

- Целта на курсот е да се покаже нов пристап кон програмирањето, да ги мотивира младите да учат програмирање и да креираат софтверски апликации.

Интерактивната настава ќе ја покрие наставниот и соработничиот кадар на Институтот за компјутерски технологии и инженерство и кадар од Факултетската компјутерска лабораторија - објаснува професор Марија Календар.

Сите заинтересирани може да добијат подетални информации на официјалната веб страна на ФЕИТ или преку електронската пошта: codeatfeit@feit.ukim.edu.mk.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование