X
 31.10.2016 Живот

Најсмртоносното оружје на светот


Најсмртоносното оружје во светот

Како никогаш досега во светот е достапно најсмртоносно оружје.

Русија го најави вклучувањето во државното вооружување на новиот RS-28 Sarmat термонуклеарен балистички ракетен систем, наречен Satan 2, во 2018 година.

Чудовишната ракета се вели дека ќе биде две илјади пати посилна од бомбите фрлени врз Хирошима и Нагасаки, со способност да уништи површина со големина колку Франција или Тексас. 

Но, тоа не е единственото оружје што од Земјата може да направи пекол – во продолжение ви претставуваме со што уште располагаат армиите на државите.  

The DONGFENG-41 (DF-41)

Ова оружје за масовно уништување од Кина, наводно може да носи до десет нуклеарни боеви глави со дострел до 12.000 километри, а бомбите во рок од половина час може да се исфрлат на различни цели. Тоа значи дека градовите како Лондон или Париз може да бидат избришани од картите на светот со еден замав.
Кинеската влада никогаш официјално не го обзнанила постоењето на DF-41, но Пентагон потврди дека било забележано од американските сателити.

Донгфенг 41, Кина


SATAN 2

Русија ја објави првата слика од новата нуклеарна ракета, оружје чија разорна моќ е опсежна колку големината на цели држави.
Ја нарекоа Satan 2, замена на RS-36M, оружјето од седумдесеттите години на минатиот век, што НАТО „нагалено“ го викаше Сатанска ракета.
Спутник, новинската агенција контролирана од руската влада, во мај годинава објави дека ракетата би можела да уништи подрачје колку што зафаќат Тексас или Франција.  

Сармат - руски сакетен систем

Според руските медиуми, ракетата ќе тежи до 10 тони, со капацитет да носи до 10 тони нуклеарен товар. Со овој тип товар, нејзината уништувачка моќ би можела да биде две илјади пати поголема од бомбите фрлени врз Хирошима и Нагасаки.
Застрашувачки е тоа што боевата глава е дизајнирана така што е невозможно да се пресретне и уништи, бидејќи не се движи според одредена траекторија.

SVLK-14 SUMRAK

Ова страшно оружје се верува дека е најмоќниот снајпер на светот.
Сумрак го разви руската воена индустрија, а може да ја погоди целта на оддалеченост од три километри.
Според британските медиуми, претседателот Путин ова оружје го ставил во функција во борбата против Исламската Држава во Мосул.
Од фабриката што го произведува снајперот, велат дека работат на подобрување на оружјето. Меѓудругото, се споменува дека успеале да го зголемат дострелот и да ги адаптираат куршумите, правејќи ги потешки.
Се вели дека снајперистите, чие присуство е незабележливо, имаат клучна улога во борбата против терористичката организација ИСИС. Најмалку тројца водачи на озлогласената организација биле убиени од снајпер во рок од десет дена.   

Рускиот снајпер Сумрак


Подморниците Dolphin и воените бродови SA’AR CORVETTE

Израел има намера да се „поднови“ со најмалку три подморници со можност за лансирање нуклеарни проектили, кои ќе ги заменат досегашните бродови од застарената флота.
Весникот Maariv пишува дека државата планира тајно да набави три подморници од класата Dolphin од Германија, со вредност од 1,3 милијарди американски долари.
Се очекува новите подморници да бидат понапредни, подолги и со подобра опрема.
Подморниците Dolphin имаат можност за пренос и лансирање на ракети составени од нуклеарни боеви глави. Можат со недели да бидат на непријателска територија и никој да не знае дека се таму.

Како дополнување, Израелците планираат да ја надградат борбената флота со воените бродови од германско производство, SA’AR Corvette, што ќе ги чинат 468 милиони американски долари.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот