Противвоздушната одбрана на Сирија, која е опремена со ракетни системи од советско и од руско производство, успеала
од крстосувачките ракети што беа лансирани врз оваа земја од воздухопловни и поморски борбени платформи. Во операцијата на ракетирање на Сирија учествуваа борбени сили во состав на американската, француската и британската армија.
почна во раните утрински часови и траеше од 3:42 до 5:10 часот по московско време, а негова главна цел биле воени и цивилни објекти на територијата на Сириската Арапска Република.
• Воздухопловната група на Американското воено воздухопловство, која полета од авиобазата Ал Удеид во Катар, составена од стратегиски бомбардери Б-1Б Ленсер, како и ловечко-бомбардерски компоненти составени од авионите „Ф-15Е стајк игл“, и најмодерните верзии на авионот „Ф-16“. Американските бомбардери го извршиле нападот со плотунско лансирање на крстосувачки ракети од класата воздух-земја АГМ-158 со дострел од 1.000 километри. Според официјалните соопштенија од Пентагон, биле лансирани вкупно 19 вакви ракети. Главната цел на ракетите бил Истражувачкиот центар во Барза – Дамаск.
(
Фото: Pixabay)
• Воздухопловната група на Британското воено воздухопловство со ловци-бомбардери „Торнадо ГР.4“ извршила напад со вкупно 8 крстосувачки ракети од класа воздух-земја „Сторм Шедоу“ со дострел од 600 километри. Авионите полетале од аеродромот „Акротира“ на Кипар и непосредно потоа ги лансирале ракетите од басенот во Средоземното Море. Ракетите биле насочени кон утврдените складишта каде што наводно се наоѓа сириското хемиско оружје во поширокиот реон на населеното место Хин Шиншар, кое се наоѓа во провинцијата Хомс.
• Воздухопловната група на Француското воено воздухопловство со ловци-бомбардери „Дасо Рафал“ кои полетале од аеродромот „Принц Хасан“ што се наоѓа на територијата на Јордан. Овие авиони нападнале со вкупно 9 крстосувачки ракети СКАЛП-ЕГ, кои се идентични со ракетите „Сторм Шедоу“. Тие исто така гаѓале цели каде што наводно се криело сириското хемиско оружје во околината на Хин Шишнар.
Што се однесува до поморските борбени капацитети, во операцијата учествувале следните сили:
• Американскиот ракетен крстосувач „УСС Монтереј“ од класата „Тикондерог“, од басенот на Црвеното Море. Од овој воен брод врз Сирија биле лансирани вкупно 3 крстосувачки ракети од класата море-копно БГМ-109 „Томахавк“. Основна цел на овие ракети бил истражувачкиот центар во Барза – Дамаск.
• Американскиот ракетен разурнувач „УСС Хигинс“, класа „Арлеј Бурк“ од басенот на Персискиот Залив. Од овој воен брод биле лансирани вкупно 23 крстосувачки ракети „Томахавк“. Основна цел на ракетите бил Истражувачкиот центар во Барза – Дамаск.
• Американскиот ракетен разурнувач „УСС Лабун“, класа „Арлеј Бурк“, од басенот на Црвеното Море. Од овој брод биле лансирани вкупно 7 крстосувачки ракети „Томахавк“ врз Истражувачкиот центар во Барза – Дамаск.
• Американската нуклеарна подморница „УСС Џон Ворнер“, класа „Вирџинија“, од басенот на Средоземното Море, која лансирала вкупно 6 крстосувачки ракети „Томахавк“ кои гаѓале бункери каде што наводно има хемиско оружје во околината на Хин Шишнар.
• Француската ракетна фрегата „ФРЕММ Аквитан“ од басенот на Средоземното Море, која лансирала вкупно 3 крстосувачки ракети од класа море-копно „СКАЛП Навал“, со кои се гаѓале цели во Хин Шишнар.
Значи, биле лансирани вкупно 105 крстосувачки ракети, од кои 69 од поморски воени платформи и 36 од воздухоплови. Според податоците на руското министерство за одбрана, врз Сирија биле лансирани вкупно 103 крстосувачки ракети. Огромен број од овие ракети биле соборени од системи за противвоздушна одбрана од советско и од руско производство, како Ц-125, Ц-200, Бук, Квадрат и Оса. Дека овој напад претрпел речиси дебакл, сведочи и изјавата на генералот Рудској, кој на вонреден брифинг ги изнел следните податоци:
• Врз аеродромот „Дјували“ биле лансирани вкупно 4 ракети и сите биле соборени. Аеродромот не претрпел никакви оштетувања.
• Врз аеродромот „Думејр“ биле лансирани вкупно 12 ракети и сите биле соборени, а аеродромот не претрпел оштетувања.
• Врз аеродромот „Блеј“ биле лансирани вкупно 18 ракети, и сите биле соборени, а аеродромот поминал без оштетувања.
• Врз аеродромот „Шајрат“ биле лансирани вкупно 12 ракети и сите биле соборени, а аеродромот поминал без оштетувања.
• Врз аеродромот „Мезе“ биле лансирани вкупно 9 ракети, од кои 5 биле соборени. Инаку, овој аеродром е неупотреблив и на него немало никакви борбени ефективи.
• Врз аеродромот „Хомс“ биле лансирани вкупно 16 ракети, од кои 13 биле соборени. Аеродромот претрпел безначајни оштетувања.
• На цели на кои се наоѓале наводни компоненти за производство на боеви отрови во населените места Барз и Џармани биле лансирани 30-32 ракети, од кои повеќето ја погодиле метата. Овие објекти во целост се уништени, а во нападите немало човечки жртви.
Со приближно слични податоци оперирала и Сириската опсерваторија за човечки права со седиште во Лондон. Но, официјалниот претставник на Пентагон, генералот Кенет Мекензи, соопшти дека американските ракети немале никаков проблем со сириската ПВО и ги погодиле сите планирани цели. Тој не влегувал во детали, но оценил дека операцијата била успешна со констатација дека дејствувањето на сириската ПВО било неефикасно.
Значи, според руската страна, од вкупно 103 (105) лансирани крстосувачки ракети врз цели во Сирија биле соборени 71, што претставува исклучителен резултат со процент на успешност од речиси 70 проценти. Ваквиот резултат на сириската ПВО претставува вистински подвиг, особено ако се знае дека сите ракети што влегле во зона каде што непосредно можеле да ги загрозат воените единици на сириската и руската армија биле неутрализирани со хируршка прецизност со процент на успешност од над 90%. Очигледно, на Американците им биле препуштени безначајни цели, а руските системи за ПВО не реагирале. При ракетирањето немало губитоци на живи сили. Претходно, сириските медиуми јавија дека во Хомс биле повредени 3 цивили.