X
 12.09.2016 Живот

Дали Северна Кореја има доволно моќ да го уништи светот?

Неодамнешното најново нуклеарно тестирање на Северна Кореја, покренува неколку прашања. Авторитарната држава предводена од диктатор предизвикува скептицизам во светот.

 

северна


На состанокот во Сеул во саботата, јужнокорејскиот министер за надворешни работи Јун Бјунг-се изјави дека нуклеарното тестирање покажа дека нуклеарните капацитети на Северна Кореја стигна до „значително ниво“ после брзиот напредок во последните 10 години.

Што постигна Северна Кореја?


Северна Кореја соопшти дека нејзината „стандардизација“ на боеви глави ќе им овозможи да произведат по своја волја и колку што сакаат различни помали и полесни нуклеарни боеви глави од повисок степен.

Ова ја става на повисоко ниво технологијата на монтирање на нуклеарни боеви глави на балистичките ракети. Aко е така, Пјонгјанг има развиено унифициран дизајн за производство на нуклеарно оружје кое може да го искористи на своите балистички проектили.

Комбинирајте го сето ова со се' што научниците го научиле од четирите претходни тестови и Северна Кореја може да има нуклеарно оружје со кое може да ги нападне своите азиски соседи.

Дерил Кимбал, извршен директор на Здружението за контрола на оружје со седиште во Вашингтон, обезбеди слична оценка, велејќи дека Северна Кореја или е близу до точка во која може да имаат балистички проектили со нуклеарна боева глава.

 

2


„Кумулативното познавање на петте нуклеарни тестирања на проектили, особено во последните 12 месеци даваат поголема доверба дека оваа земја може да ги распореди боевите глави на нивните балистички проектили. Ако тие ја немаат постигнато оваа способност денес, тогаш ќе ја постигнат со дополнителни нуклеарни тест експлозии и балистички тестирања на проектили“, вели Дерил Кимбал.

Експлозивниот принос од експлозијата во петокот би бил 10 до 12 килотони или 70 до 80% од силата на 15 килотонската атомска бомба која Америка ја употреби над јапонскиот град Хирошима во 1945 година, според метеоролошката агенција на Јужна Кореја. Четвртиот тест на Северна Кореја, кој беше спроведен во јануари, беше околу 6 килотони.

„Ако претходните тестови беа спроведени со цел да се совлада нуклеарната бомба, најновиот тест покажува дека Северна Кореја конечно поседува вистинска нуклеарна бомба“, вели Ким Дае Јанг, воен експерт од Јужна Кореја.

Институтот за национална одбрана и истражување „RAND“, федерално финансиран американски тинк-тенк, во извештајот од 2010 година вели дека детонацијата на нуклеарно оружје од 10 килотони во јужнокорејскиот главен град Сеул може да предизвика повеќе од 200.000 смртни случаи.

 


2


Што Северна Кореја може сега да изгради?


Големото прашање е сепак, дали Пјонгјанг може да направи боеви глави мали и доволно лесни да бидат вооружени на проектили кои ќе стигнат до копното на Америка - многу понапредна технологија.

Кимбал вели дека Северна Кореја се'уште не ја покажала способноста да започне со среден или долг проектил кој може повторно да влезе во атмосферата на Земјата и е години оддалечен од интерконтиненталната балистичка ракета која може донесе нуклеарна боева глава која пак може да ја погоди континентална Америка.

Ако Северна Кореја ја усоврши минијатуризацијата, следниот чекор ќе биде донесување создавање бомби кои ќе можат да се стават на боевите глави. Многу, исто така зависи од тоа со колку нуклеарно гориво земјата располага.

 

3


Проценките се разликуваат, меѓутоа се претпоставува дека Северна Кореја има околу 40 килограми плотониум за оружје, што е доволно за околу седум атомски бомби. Пјонгјанг исто така има високо збогатена ураниум програма, која е многу потајна и за која не се знае многу; ако оваа програма е во напредна фаза, Северна Кореја би можела да има многу повеќе гориво за градење на бомби.

Дали треба да се очекуваат повеќе тестирања?

Новите тестови ќе помогнат во подобрување на дизајнот на боевите глави и развивање на посилни хибрид бомби кои користат нуклеарно гориво со конвенционално ураниум или плутониум гориво за да се постигне поголема експлозивна сила.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот