„Знам дека се пишувало многу за предностите и недостатоците на патување сами, што веќе звучи безначајно. Но верувајте ми не е. Постојат темни страни во искуството жена да патува сама“- пишува:
Сабина Андреа Сакс, писател и фотограф.
Прво бидете подготвени да носите тежок багаж
Ранец, куфери. Немањето некој од спротивниот пол, доволно силен да ви ги пренесе работите од дестинацијата А до дестинација Б е многу напорно и здодевно.
Има моменти кога патувањето сами може да биде ужасно
Постојат некои моменти, многу чудни моменти, кога сум пред неверојатно зајдисонце и оддеднаш да почнам да плачам. Тоа всушност ми се случи минатата недела, кога имагинарниот дух на моето поранешно момче седеше до мене на клупа додека сонцето заоѓаше. Тој рече дека му недостасувам и ме праша повторно што е она што го правиме и зошто живееме одделни животи.
Ова е токму тоа поради што патувањето сама би ве ставило во незгодни ситуации, каде спомените ќе играат во главата и понекогаш, можеби и по испивање на еден пијалок или два, може да се најдете себеси како му се јавувате на вашето момче / девојка од друг континент во средината на ноќта.
Патување сама може да биде скапо
Доволно беше за љубовта и емоциите, ајде да бидеме практични. Кога ќе размислите за соби во хостели или дури и сајтови за кампови поголемиот дел од времето, ќе добиете цена за соба, а не за едно лице. Значи, ако се патува сам, можете да си најдете пријател за спиење или само да посветите поголемо внимание на другите трошоци и да си го дозволите креветот да е само ваш.
Ќе бидете магнет за случајни (а понекогаш и морничави) мажи
Всушност ова буквално ми се случи додека седев во овој хостел во Сиднеј и без зафатена со пишување, а на ушите имав слушалки. Маж дојде да ме праша за нешто. Јас учтиво се обидував да му кажам дека бев зафатена.
Меѓутоа, тој продолжи да ме прашува уште повеќе. Тоа е она што се случува кога девојка патува сама. Секогаш. Без оглед дали слушате музика, работите, гледате филмови, читате книга, секогаш ќе постојат луѓе кои ќе сакаат да разговараат со вас, дури и ако јасно им кажувате дека ова не е вистинското време или место. Почитувај го мојот простор и мојата тишина.
Автоматски ќе добиете етикета
Да, тоа звучи грубо, но тоа е она што постојано го прави нашето осудувачко општество. Да погодивте, луѓето се ставааат во улога на судија. Вечерате сами во ресторан? Таа мора да е луда, вдовица, осамена, проститутка, зависничка од наркотици, може да додадете тука се што посакате.
Луѓето ќе ве гледаат и ќе ве судат, а понекогаш и отворено, поголемиот дел од времето ќе шепотат на своите пријатели/партнери однесувајќи се како да не сте таму. Јас сега ова го наоѓам смешно и ако слушнам некој да зборува за мене, јас гласно ги прекинувам и им кажувам некои луѓе можеби сакаат да патуваат сами.
Нема да направите се што сте планирале
Бидејќи јас сум девојка, постојат работи кои не можам да ги правам. Ако го тргнеме настрана сексизмот и родовата еднаквост, јас не би отишла на ноќно излегување самата. Без разлика дали верувале или не, секоја девојка има стравови дека ќе биде злоставувана или би се нашла во уште полоша ситуација на патот назад од клубот или забавата. Па така ако, понекогаш, не можам да најдам некој да ми обезбеди превоз или да ме испрати со пешачење, јас не излегувам. Премногу внимателност? Не постои такво нешто кога патувате сами.
Патувањето сами ќе ве промени
Не и давајте прилика на девојка што патува? Патувањето ме направи со поголема самодоверба, независна и слободна, до тој степен што повеќето луѓе кои ги среќавам кои водат нормален живот ми здосадуваат за неколку минути. Тоа не е дека мислам дека за нив дека не се интересни, но јас веќе немам трпение да слушам за „нормален живот" и нивните здодевни работи.
Кога слушам за канцелариска политика, мојот мозок веднаш се исклучува. Ова е прилично грубо, знам. Но, како што реков многу пати веќе, времето е најважната работа за мене во моментов и не сакам залудно да го трошам. Не со просечни луѓе.
Наречете ме арогантна ако сакате, но му давам големо значење на мудро поминатото време, па така некој маж или жена мора да биде многу неверојатна личност за да ме импресионира денес. Па можеби има вистина во советот: Не се состанувајте со девојка што патува.