X
 14.10.2024 Живот

Импресивно или застрашувачко? Видео од одење на работа во кинески град привлече милиони гледачи

Еден корисник на социјалната мрежа „Тик-ток“, кој на интернет е познат како „Патувањето на Џексон“, неодамна објави видео на кое покажува какао изгледа неговото патување до работа во кинескиот град Чонгкинг, кое собра повеќе од 19 милиони прегледи.

На видеото тој објаснува зошто е толку тешко да се оди на работа во овој град. Најпрво објаснува дека живее во зграда со 18 ката без лифт, но за среќа, треба да се спушти на 12. кат бидејќи тоа е приземје.

- Лошо е за луѓето што живеат на долните катови бидејќи мора да се искачат до 12. кат, а и немаат сончева светлина - вели тој.

Потоа тој покажува како пристигнува на влезот во метрото што го опишува како влез во засолниште.

- Потоа доаѓа воз сличен на тобоган, кој поминува и низ згради - вели тој.

Тој се обидува да се вози и со автобус, што би требало да биде помалку стресно. Но, автобусите се движат по високи мостови, така што и ова за него беше стресна опција.

Возовите кои минуваат низ згради се нормална појава во овој град, со оглед на тоа што таму живеат 32 милиони жители. Видеото на Џексон предизвика многу коментари, а луѓето не можеа да се одлучат дали е импресивно или застрашувачко.

@journeyofjackson Why is commuting to work in Chongqing so hard? #chongqing #重庆 #chinatravel #cyberpunk ♬ original sound - Jackson
Извор: Klix.ba
Фото: Screenshot/Tik-tok
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот