X
 01.11.2016 Живот

Канада ги укинува визите за бугарските граѓани

Канада ќе гo укине условот за добивање виза за бугарските и романските туристи на крајот на следната година, а со тоа ќе олесни и некои ограничувања, објавила Канадската Влада во понеделникот.

За двете европски земји, безвизниот режим претставува клучен услов за нивната поддршка со Сеопфатниот економски и трговски договор (CETA), кој беше потпишан од страна на Канада и ЕУ во неделата.

Романија и Бугарија постигнаа договор со Отава пред една недела на визно укинување, а договорот ќе стапи на сила на 1 декември, 2017.




„Укинувањето на визниот режим за Романија и Бугарија ќе значи безвизно патување во Канада за граѓаните на сите земји-членки на ЕУ. Ние сите ќе имаме корист од порастот на туризмот и трговијата"-рече министерот за имиграција Џон МаекКалум во соопштението.

Ограничување на визниот режим беше со цел да се спречи бранот на бегалци од етничките Роми, исто така познати како „Цигани“, но тоа создаде тензии меѓу ЕУ и Канада.

Во рамки на целосното укинување на визите, Отава најави дека романските и бугарските државјани кои имаат привремена дозвола за престој во изминатите 10 години во Канада или кои имаат Американска не-имигрантска виза ќе бидат ослободени од барањето за виза. 
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот