X
 13.04.2022 Забава

Град во близина на Квебек е вистинска временска капсула што ќе ве врати во 20-тите години

Пред околу 100 години Вал-Џалберт во Канада бил многу модерен град. Жителите имале вода и струја 25 години пред остатокот од Квебек. Но, многу малку работи се промениле од тие денови.

Денес, градот во близина на Квебек останува совршено зачуван остаток од неговите славни денови во раните 20-ти години на минатиот век. Во текот на неговиот најславен период, Вал-Џалберт бил индустриски град.

град
Фото: Instagram

Фабриката за целулоза донела просперитет во регионот, но низа неволји довеле до ненадејно затворање на фабриката во 1927 година. Поминале само неколку години пред градот да биде речиси целосно напуштен.

Така останал до 60-тите години кога станал туристичка атракција. Според веб-страницата на градот, во 2009 година Вал-Џалберт добил над 19 милиони долари од Одделот за култура и комуникации на Квебек и Агенцијата за економски развој на Канада за реновирање на градската инфраструктура и поттикнување на туризмот.

3
Фото: Wikipedia

Посетителите можат да го истражуваат градот кој останал ист каков што бил пред 100 години. Постојат повеќе од 40 згради, секоја сочувана и одржувана, што им овозможува на патниците да се чувствуваат како да се вратиле назад во времето. Гостите можат да посетат манастирско училиште, продавница, па дури и познатата фабрика во градот. И за искуството да биде уште подобро, градот е населен со актери кои играат ликови инспирирани од 20-тите години.

град
Фото: Instagram

Освен што ќе ве привлече градот кој е како временска капсула, тука е и живописното природно опкружување. Иако можеби не е најпознатиот водопад во Канада, водопадот Уиатчуан е повисок од Нијагарските Водопади.

Фото: Wikipedia

Извор: Travelandleisure.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава