Европскиот парламент најави дека Американците ќе бидат принудени да аплицираат за визи за да патуваат во Европа, како одговор на одбивањето на Вашингтон да им дозволи на сите Европејци да патуваат во САД без визи.
Во актуелната „војна на визи“ за сега е одлучено дека на граѓаните на САД ќе им бидат посебни дополнителни документи за патување сѐ додека на граѓаните на 5 земји на ЕУ (Бугарија, Хрватска, Кипар, Полска и Романија) не им се дозволи да одат во Америка без визи.
Европската Комисија има два месеца повторно да воведе визи за Американци кои сакаат да патуваат во Европа, откако членовите на Парламентот се согласиле дека ЕУ има легална обврска да ја суспендира програмата за безвизен режим со САД за една година.
Потребата да се аплицира за виза да се патува во друга земја и на широко гледана како фактор што ги враќа назад потенцијалните посетители, давајќи им екстра трошоци и време за аплицирање. Една земја што сака да го развие туризмот секогаш треба да гледа да ги отстрани таквите барања.
Но, одлуката е донесена и покрај предупредувањата од Европската комисија за патувања дека од оваа војна на визи со САД може да има последици по туризмот на континентот. Фактот што им се отежнува патувањето на Американците во Европа со сигурност ќе влијае на падот на приходите на европскиот сектор за патување и туризам и ќе ги остави илјадници работни места загрозени во еден од неколкуте сектори што доживува големо зголемување на процентот на вработеноста.
Последниот одговор на Бирото за конзуларни прашања на Стејт департментот е дека Бугарија, Хрватска, Купар, Полска и Романија сѐ уште не ги исполнуваат условите за безбедност за САД од Програмата за безвизен режим.