X
 05.11.2016 Живот

Интересни активности кои можете да ги правите во Канада

Канада е позната по неверојатните пејсажи и богата природа – но и градовите се подеднакво возбудливи и преполни со атракции.

Посетителите навистина можат да доживеат несекојдневни искуства и да посетат невообичаени места.
Постојат многу интересни активности кои може да ги правите во градовите низ Канада, а еве неколку од нив.

Одење по работ на кулата CN во Торонто

Како стаклениот лифт и огромната висина да не беа доволни за возбудливоста што ја има кулата CN  во Торонто, па сега е достапно и адреналинско одење по работ на истата. Сите кои се заинтересирани, можат да се искачат и да се врзат со сигурносни појаси, а потоа забавата може да заполне. Доволно е само да ја погледнете фотографијата и да сфатите за какво искуство станува збор.



Прошетка во Seawall во Ванкувер и гледање на тотеми

Физичка активност, прекрасен поглед и фасцинантна култура. Сето тоа може да се доживее во Seawall, Ванкувер, патека долга 13,5 милји. Одлично место за прошетка или возење велосипед. Патеката е опкружена со шума, па посетителите поминуваат и покрај столбови со тотеми, изградени од домородци.



Лизгање на мраз во Отава


За време на зимскиот период „Rideau“ каналот во Отава се претвора во уникатно место – н природно смрзнато лизгалиште најдолго во светот. Се лизгате буквално во самиот град и долж лизгалиштето можете да застанете и да се напиете топло чоколадо или пак да пробате некои локални спеијалитети. Најдобро време за лизгање е додека трае Ottawa–Gatineau Winterlude фестивалот, преку кој се слави Канадксата уникатна северна клима. Во февруари, се организираат различни натпревари, џиновски лизгалки и ред други интересни активности.



Кога мразот ќе се стопи, забавата продолжува. Се изнајмуваат кануа или мали бродови па можете да се шетате и на таков начин.

Бидете дел од масовен јога час во Parliament Hill, Отава

Интересно опкружување за одржување на јога сесии. Секоја среда во текот на летото, стотици луѓе се дел од јога часот. По завршување на часот, можете да се упатите на тура низ околните згради, кои се институции на државата. Во вечерните часови пак, се приредува музичко и светлосно шоу, кое само го надополнува интересното искуство.



Изладете се во Ледениот хотел во Квебек сити

Секоја година помеѓу јануари и март, во Квебек Сити е отворен хотелот „Hotel de Glace“. Располага со 44 соби, а е изграден од 15 илјади тони снег и 500 илјади тони мраз. Навистина изгледа како Ледена земја на чудата.



Посетете го и Интернационалниот филмски фестивал во Торонто

Секој септември славните од Холивуд пристигаат во Торонто за филмскиот фестивал. Можете да погледнете стотици проекции на нови филмови, а фестивалот трае 11 дена.



Одете на свирка во Комодор салата во Ванкувер

Nirvana, Dire Straits и Kiss се неколку од имињата кои настапувале овде. За сите оние кои се музички фанови, особено на рок бендовите, посетата на ова место е задолжителна. Одличен амбиент и висинско уживање за сите оние кои го сакаат ваквиот тип на музика.



„Рио Тинто“ планетариумот во Монтреал

Располага со два театри и во двата се нудат неверојатни искуства. Во едниот можете да посетите едукативни часови за астрономија и други спектакуларни проекти за вселената . Сето тоа ќе го гледате на екран од 360 степени. Комфорно, несекојдневно и возбудливо. Тоа се вистинските зборови кои го опишуваат овој планетариум.


Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот