Во Лондон, во престижната луксузна шопинг-галерија од 1818 година, беше отворен првиот 007 бар, совршено место за уживање во омилениот коктел на најпознатиот филмски шпион.
Овој бар, кој ја слави 60-годишнината од филмот „Голдфингер“, ќе биде отворен до крајот на годината.
Во внатрешноста доминира посебен тепих со цитати од легендарниот серијал, додека над посетителите висат три златни, рачно изработени автомобилски скулптури во чест на легендарниот „астон мартин ДБ5“.
Овој автомобил, познат по своите МИ6 додатоци, беше ѕвезда во осум филма.
Барот нуди автентични сувенири од Бонд, а посетителите ќе можат да видат експонати што претходно никогаш не биле изложени, на пример, чевлите за голф на Голдфингер, часовник со дупка за шпионирање и слично. Исто така, изложени се и два златни часовници на Бонд: „омега симастер дајвер 300М командерс вач“ од 2017 и „симастер дајвер 300М Џејмс Бонд лимитед едишн“ од 2019 година.
Како совршен подарок за празниците, барот нуди ексклузивни колекционерски предмети како луксузен календар, отпечатоци во рамките со ограничено издание и луксузен комплет шампањ и две чаши.
Во барот се наоѓаат и два шанка создадени во соработка со брендот „Болингер“, омилениот шампањ на Џејмс Бонд.
Фото:
Instagram