X
 06.11.2016 Забава

Загатката која направи голема конфузија кај корисниците на социјалните мрежи

Илјадници збунети лица на Интернетот. Мака мачат со решавањето на честите загатки кои се објавуваат на веб сајтовите.
Последната загатка која е споделена на Facebook, ве прашува колку е вредноста на одредена комбинација на пиво и бургери. Многу е едноставно, но предизвикува голема конфузија кај корисниците на социјалните мрежи.


Во првиот ред има три сликички од шишиња пиво, чиј збир е 30. Во следниот ред има едно шише пиво и два чизбургери, чиј збир е 20. Еден бургер и две кригли пиво се еднакви на 9. Во последниот ред има еден бургер, една кригла помножено со едно шише пиво, но резултатот не е прикажан.  Речиси 500 луѓе се обиделе да ја решат загатката, а понудиле многу различни одговори.

Џенифер Вајтхорс, која ја споделила загатката понудила помош : Ако шишето е 10, бургерот е 5, две пива се 2, тогаш „едно“ пиво е 1. Не заборавајте да множите.


Кој е точниот одговор?

Според пресметките на Џенифер, одговорот е 60, ако бургерот е 5, кригла е 1, помножено со едно шише пиво, кое е 10.
Кристофер Расел нуди алтернатива, користејќи PEMDAS формула (Parentheses, Exponents, Multiplication and Division, and Addition and Subtraction).

Ако се следи таа логика, тогаш помножувате 1 со 10 за да добиете 10, а потоа додавате 5 за да добиете 15.
Ова е последната од долгата листа на објавени загатки на Интернет.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава