X
 07.11.2016 Економија

Колку пари се потребни за да се преживее месецот?



Потрошувачка кошница за септември: Најмногу се троши за храна, најмалку за здравје

За да го преживее месецот, на четиричлено семејство потребни му се 32.263 денари, пресмета Сојузот на синдикати на Македонија. Толку изнесувала потрошувачката кошница во септември. Најмногу од парите или 13.345 денари се за храна и пијалоци по што следуваат средствата што се трошат за плаќање на комуналии, опрема за домот и одржување, односно за оваа намера отпаѓаат 10.468 денари. За хигиена се потребни 2.272 денари, за превоз 2.339, а за обувки и облека 2.087 денари.

Од вкупните средства во потрошувачката кошница за културни активности се одвојуваат 1.070 денари, а за одржување на здравјето 678 денари.

Потрошувачката кошница во септември е повисока за 0,32 проценти во однос на август, а во споредба со септемрви минатата година е повисока за 0,09 проценти. Ова значи дека просечната плата од 22.294 денари не е доволна за да се покријат сите трошоци.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија