X
 07.11.2016 Живот

Се одржа Регионалниот офталмолошки Симпозиум во Скопје

Викендов се одржа Регионален офталмолошки Симпозиум на темата „Новитетите во офталмологијата“  акредитиран од Лекарската комора на Македонија, а во организација на  Систина Офталмологија, дел од групацијата на универзитетската клиника за офталмологија Свјетлост од Загреб.



Свои предавања на симпозиумот имаа специјалистите офталмолози проф. д-р Никица Габриќ,  доц. д-р Ратимир Лазиќ, д-р Маја Бохач и д-р Анте Баришиќ од Свјетлост од Загреб и тимот специјалисти офталмолози од Систина Офталмологија, д-р Златко Арнаудовски, д-р Виолета Бучкоска Николовска, д-р Билјана Костовска, д-р Фанка Гилевска и д-р Илир Османи.  Учесници беа и многу специјалисти офталмолози од други земји, како и специјализанти што ги следеа предавањата.

„Среќен сум што колегите офталмолози се одзваа на нашата покана во волкав голем број и беа дел од денешниот регионален Симпозиум. Над 200 врвни офталмолози беа присутни денес, што само укажува на потребата од организација и реализација на што повеќе вакви стручни средби во насока на унапредување на струката, како и знаењата и вештините што ги испорачуваме до пациентите. Имавме гости од Косово, Србија, Хрватска и разменуваме искуства и сугестии за новостите во офталмологијата, поточно новите методи и техники што ги применуваме во катарактната, рефрактивната и витреоретиналната хирургија што даваат одлични резултати“ - изјави Др. Златко Арнаудовски - Медицински Директор и Шеф на одделот за катарактна хирургија на Систина Офталмологија дел од групацијата на Универзитетската клиника за офталмологија Свјетлост од Загреб.



Систина Офталмологија веќе 7 години успешно  практикува нови трендови, инвестира во технологија и во знаење, финансирајќи специјализации на идни офталмолози што ќе продолжат да ги следат светските стандарди и да ги применуваат во офталмолошката практика во Македонија со поддршка на Универзитетската клиника за офталмологија Свјетлост од Загреб.




Двете очни болници континуирано работат на едукација на населението и подигнување на нивото на здравствената услуга, со врвно опремени технички простории и со најдобра медицинска опрема, успешно хармонизирајќи ги вредностите, критериумите и професионализмот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот