X
 12.03.2018 Здравје

Легендата Бојан Крижај за своето здравје ја избра Македонија!

Бојан Крижај, легендарниот словенечки репрезентативец на поранешна Југославија се смета за еден од најдобрите скијачи во слалом и велеслалом на сите времиња во светски рамки. Има вкупно 8 победи на Светскиот куп, а првиот медал го освојува на Светското првенство во 1982 во Шалдминг, кога за само неколку стотинки завршува втор зад Ингемар Стенмарк. Тие двајца водеа беспоштедна битка за првото место во годините што следеа. После спортското пензионирање, се залага за развој на скијањето насекаде низ светот па така и во нашата земја, пројавува голема желба да помогне во организацијата на Шарпланинскиот куп и e поставен за директор на организицискиот одбор во 2012 и 2013-та година.



Освен како љубител на скијачките терени во Македонија, Бојан Крижај реши да го реши својот проблем со видот во „Систина Офталмологија“ во Скопје.

„По 50-та, почна да ми се влошува видот и имав проблем при читање, гледање ТВ, возење ноќе... Се случуваше понекогаш жена ми во ресторан да нарачува за мене... затоа што не можев да го прочитам менито... Почна да ми се нарушува мојот животен комфрот бидејќи не можев веќе без очилата. Дефинитивно беше потребно да најдам решение.“ - вели Бојан.

Сигурно ќе се запрашате зошто од Словенија, која се смета за држава со еден од подобрите здравствени системи во регионот, доаѓа во Македонија за операција на катаракта.



„Имам многу пријатели во Македонија, на кои им верувам и кои ме упатија во „Систина Офталмологија“. И навистина, кога ја видов болницата во Скопје, комуникацијата со докторот и тимот, нивната стручност, ми влеаа доверба и не ми беше тешко да се одлучам.“- објаснува Бојан.

При операцијата на катаракта, на Бојан му се имплантирани најсофистицираните мултифокални леќи со кои може да гледа без очила за блиску и далеку. Како што и самиот кажува: „По интервенцијата, функционирам сосема нормално, ги обавувам своите бизнис задачи и спортски сум активен - без ограничување.“

Оваа интервенција е безболна и кратка, а се изведува во„Систина Офталмологија“, која е дел од групацијата „Свјетлост“, Загреб. Со отвoрањето на Одделот за рефрактивна хирургија во 2015-та год., „Систина Офталмологија“ овозможи едно повисоко ниво на истовремено решавање на катаракта и диоптрија со вградување на овие интраокуларни леќи, со кои се добива вид на три растојанија: блиску, средина и далеку. Постоперативниот период е сосема краток и брзо се враќаат пациентите на своите секојдневни обврски. Погледнете го целото видео тука.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје