X
 17.08.2016 Живот

Дигитални уреди - колку се штетни за видот на вашето дете?

Модерното време ги направи децата и компјутерите неразделни. Новите генерации растат со современата технологија, која има многу предности,  но исто така и мани, штетна е не само кога е во прашање психофизичкото здравје, туку може значително да го наруши и видот. Децата многу време поминуваат пред современите гаџети, така што треба да знаете какво влијание имаат и како да ги заштитите вашите деца oд нив.



1. Дигиталните уреди емитуваат т.н. сина светлина која може да го зголеми ризикот  детето кога ќе порасне да заболи од макуларна дегенерација, т.е. за болување на дел од окото.

2. Иритација може да се јави и од намалениот проток на солзи во окото, бидејќи детето кога гледа во екран помалку трепка, па поради тоа окото да станува посуво.

3. Доколку детето поминува многу часа пред компјутер, постои поголема шанса кога ќе порасне да му се појави миопија, односно кратковидост.

4. Секои 20 минути вашето дете би требало да ги тргне очите од компјутерот  и барем 6 метри да биде одалечен од нив.

5. Се препорачуваат специјални очила додека тоа гледа во екран. Oчилата со поликарбонатски леќи нудат највисок степен на заштита од зрачењето на екраните и им овозможуваат јасен вид. Многу очила имаат леќи кои ја задржуваат сината светлина и истите можат да се носат во текот на многу активности на детето.

6. Социјализирајте го. Повеќето активности нека ги прави со другарчиња, братот, сестрата. Доколку се чувствува осамено, ќе посегне по компјутерот. Затоа, направете да му е интересно и надвор од дома. Помогнете му да се запознае со другарчиња во парк или во маало.

Не можете да очекувате вашето дете да не користи дигитални уреди, но со помош на горенаведените предлози може да се контролира видот и да не дојде до негово нарушување. Уште од најмала возраст, треба да се прават редовни офталмолошки прегледи и во случај на диоптрија, да се следи состојбата на окото и растот на диоптерот.

За да се направи ласерска корекција, потребно е да има над 18 години и стабилен диоптер минимум една година. Систина Офталмологија ја изведува оваа интервенција во соработка со најголемата Универзитетска очна клиника „Свјетлост“ од Загреб која е прва клиника во Хрватска која започна да работи ласерско отстранување на диоптрија уште пред 18 години и до сега оперирала преку 50.000 очи.

(Специјален летен попуст во Систина Офталмологија! Ласерската корекција на диоптрија за 450 евра од око за првите 100 пациенти кои ќе ја направат интервенцијата до 30.08.2016 година. Повеќе информации на тел: 02/3097-000 или 070/351-008).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот