X
 08.11.2016 Технологија

Размислете двапати пред да ги користите овие лозинки на „Facebook“

Доколку имате потешкотии да се сетите која лозинка би ја користеле за логирање на некоја социјална мрежа, никако не смеете да се одлучите да ги користите овие вообичаени и најчести шифри.

Најпопуларни шифри и понатаму се: „123456", „qwerty" и „abc123“. Доколку ги користите овие шифри, експертите посочуваат дека сте лесна цел за хакерите.


лозинка


„Мислам дека луѓето користат толку очигледни лозинки, бидејќи тие не се свесни за опасностите на интернетот", изјавил доктор Џеф Јан, еден од авторите на студијата.

Во првите десет најкористени лозинки се: „sunshine", „ninja", „welcome" и „princess". Многу луѓе ги користат нивните имиња и презимиња, датумот на раѓање, прекарот или возраста.

Истражувачите од Ланкастер во Англија направија алгоритми кои ги откриваат лозинките врз основа на базите на податоци кои „напаѓачите", или хакерите ги имаат на располагање. Тие успеале да погодат шифри на 73 отсто од корисниците, дури и на оние кои биле внимателни и креативни во смислувањето.

Од видеото откријте како да креирате силна лозинка:


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија