X
 25.10.2017 Технологија

Избришете ја оваа програма од компјутерот – веднаш!

„Adobe Flash“ го отслужи своето – нè воведе во неверојатно моќни анимирани сајтови, интерфејси и други работи, но на тој пат направи и кардинални грешки, кои хакерите и натаму ги користат, па затоа конечно време е да биде заменет со нешто ново.



Подобро е да ги користите  HTML5 и другите „замени“ кои веќе се достапни на Flash. Користењето на Adobe го изложува вашиот компјутер како и сите податоци на него на сè поголеми ризици. Последниот ризик е вирусот кој од вас бара откуп за податоците кои претходно ги заклучува (RANSOMWARE) и достапен е во Русија, Украина и сите земји од Источна Европа, објави The Verge.

„BadRabbbit“ ransomware нападите ги потврдија и антивирус-компаниите ESET и Kaspersky, со напомена дека ги следат и се обидуват на корисниците да им обезбедат заштита. Тие сметаат дека вирусот е заснован на глобалниот ransomware-напад Petya, кој неодамна „хараше“ напаѓајќи големи системи во Киев, Москва и други  земји од поранешниот СССР, додека низ Источна Европа се шири и на лични компјутери. Вурусот ги заклучува најважните фолдери како и личните фајлови на корисниците, за кои бара откуп по цена од 0,05 биткоини.

Примарниот „канал“ на дистрибуција на „BadRabbit“ – вирусот е преку заразените и малициозни Flash Player  надградби, па затоа најпаменто е да ги исклучите од компјутерот или да ги избришете во целост, препорачуваат од ESET и Kaspersky Lab.

Вредноста од 0,05 биткоини (275 долари) се зголемува по 41 час доколку не се плати бараниот износ, а фајловите остануваат заклучени. За сега не е познато кој стои зад нападите, но јасно е што треба да направите за да се заштитите. Ако и натаму не ви е јасно, кликнете на овој линк:

Како да се заштитите од овој напад – чекор по чекор.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија