X
 09.11.2016 Живот

Човекот што ги предвиде Брегзитот и победата на Трамп


Ги погоди резултатите од Брегзитот, референдумот во Шкотска и побеата на Трамп

Тревор Каванах, поранешниот уредник на политичката рубрика во весникот Sun, точно ги предвиде резултатите од трите најголеми политички настани во светот, лани и годинава: референдумот во Шкотска за останување во Обединетото Кралство, победата на Дејвид Камерон на изборите во 2015 година и исходот од Брегзитот.

Минатиот четврток се појави и во програмата на LBC во емисијата на Ник Ферари, каде што објасна зошто смета дека на претседателските избори во САД, победата ќе ја однесе Доналд Трамп.

„Предодредната победа на Хилари Клинтон една недела пред изборите се сведува кон сè поизвесната победа на Трамп... Мислам дека многу е возможно да посведочиме тесна победа на Трамп на претстојните избори во САД.“ 


Каванах, исто така, проговори за неговиот разговор со Најџел Фараж во врска со сличностите меѓу Трамп и Брегзитот.

„Ноќеска разговарав со Најџел Фараж, кој неколку пати беше во Америка, и ми рече дека е апсолутно убеден дека ќе се случи уште еден Брегзит. За волја на вистината, Трамп не го изваде од уста Брегзитот, што е пример дека на тој начин ја држи тензијата пред исходот, кој сè поизвесно е на негова страна, со оглед на тоа што најверојатно ја придобива Флорида на своја страна што го води до победата во последните моменти од трката.“

Тој додаде дека Доналд Трамп е неискусен и политички неук и дека неговата победа ќе предизвика политички хаос низ целиот свет.

„Последиците од резултатите ќе бидат исто толку комплицирани колку и предизборната кампања. Како ќе се носи американскиот народ со Трамп како претседател, кој е недокажан политичар и комплетен политички аналфабет за најмоќната функција во светот, останува да видиме.“

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот