X
 14.02.2017 Живот

Швајцарците на референдум одлучуваа за организација на Зимски олимписки игри

Скијач на скијачка стаза

Гласачите во швајцарскиот кантон Граубинден, викендов излегоа на референдум и го отфрлија предлогот Сент Мориц и Давон да бидат домаќини на Зимските олимписки игри во 2026 година.

Против се изјасниле 60,1 процент од гласачите.

Овој кантон и на референдумот во 2013-тата одбил да поддржи кандидатура за организација на ЗОИ во 2022 година.

Олимпискиот комитет на Швајцарија следниот месец ќе донесе одлука за поднесување на кандидатура за ЗОИ во 2026.

Меѓународниот олимписки комитет во 2019 ќе донесе конечна одлука за домаќин на ЗОИ 2026.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот