X
 27.04.2017 Живот

Што се смени во светот откако Трамп влезе во Белата куќа

Откако Доналд Трамп е во Белата куќа, односите на САД со остатокот од светот се променија на неколку важни начини. Еве неколку од нив.

фото извор: The Huffington Post

Нуклеарни тензии во Азија

Ја шокираше Кина со своите коментари за Тајван пред инаугурацијата. Северна Кореја развива сопствено нуклеарно оружје. Јапонија и Јужна Кореја веднаш беа издвоени од Трамп, бидејќи премногу се ослонувале на САД. Во времето на Обама, политиката во Азија беше наречена „стратешка  трпеливост“, а сега кога Трамп е на чело на САД од неговиот кабинет велат дека ерата на стратешка трпеливост е завршена.

Односите со Русија уште покомплицирани

За време на претседателската кампања, Трамп нагласи дека сака да има добри односи со Владимир Путин. Но, тоа беше пред американските агенции да откријат дека Русија е одговорна за хакирање на Демократската партија за време на кампањата.

Потоа се случи хемискиот напад врз Сирија, а односот помеѓу двете земји уште позатегнат.

Поголем фокус на НАТО

Трамп бил од секогаш критичен кон НАТО, но откако на шефот на НАТО на конференција им се заблагодари на САД и нивниот претседател за нивното внимание насочено кон Алијансата, Трамп го смени мислењето. Напротив, истакнува дека значењето на Алијансата е големо за заканите од тероризам.

Користење на сила

Обама беше избран за да ја прекине војната во Ирак и Авганистан. Иако и Трамп пред да стане претседател беше против војување во Сирија, сепак изненади со изјавата за нападите во април. Истакнал дека хемиските напади од Сириската влада влијаеле на промената на неговиот став.

Иднината на слободната трговија е неизвесна

Трамп воведе многу промени на ова поле, се закани дека ќе укине голем број на меморандуми за соработка, помеѓу САД со Канада, Мексико и други земји. Исто така, предложи и оттргнување на САД од „World Trade Organization“.

САД  го напушти и „Trans-Pacific Partnership (TPP)“, партнерство помеѓу 12 нации.

Климатски промени

Трамп го укина „Clean Power Plan“, со кој се бараше од државите да ги регулираат електраните. Организациите за заштита на животната средина реагираат, а тој упорно ја одбива поврзаност на човекот со климатските промени, нарекувајќи ја „фиктивна“.

Сомнителен Иранскиот нуклеарен договор

Договорот подразбира санкции против Иран во замена за гаранции дека нема да се создава нуклеарно оружје. Договорот е направен во времето на Обама, но Трамп истакна дека тоа бил најлошиот договор што некогаш бил направен. Изјавил дека разбивањето на договорот ќе му биде приоритетно, но уште не објавил што планира да направи.

Односите кон овие земји не започнаа добро откако Трамп е претседател на САД. Дури и неговите твитови постојано содржат закани кон истите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот