Кен Лу е еден од учесниците на Американскиот национална трка со беспилотни летала (дрон). Мала публика ги набљудувала дроновите кои го зафатиле небото. Лу за натпреварот се подготвувал со месеци. Наградата изнесува 50 илјади долари, а со ова се поставува и основата за креирање на нов спорт.
Лу смета дека во изминатите две години трките со беспилотни летала се во пораст, односно овој „нов спорт“ привлекува се повеќе внимание, не само кај оние кои би сакале да се бават со тоа, туку и кај пошироката јавност и медиумите. Последниот натпревар бил емитуван на ESPN за прв пат – достигнување за активност, односно натпревар кој се одржува втора година по ред. Дали се работи за развивање на нов спорт, кој би можел да си го заземе своето место меѓу останатите спортови за кои се организираат редовни натпреварувања и турнири, па дури и како дисциплина на Олимпијада?
Американската национална трка со беспилотни летала има навистина големи брендови како свои спонзори, како што е на пример
GoPro. Оние кои стојат позади натпреварот велат дека навистина нивните амбиции се големи, односно сакаат да креираат сосема нова спортска дисциплина позади која ќе стои цела индустрија.
Од многумина овој „
спорт“ е споредуван со NASCAR, но оние кои се бават со тоа повеќе сметаат дека е слично со интернационалните трки со автомобили. Исто така, нема причина поради која и оваа дисциплина не би била интернационална, со оглед на фактот дека на натпреварот учествуваат заинтересирани лица од повеќе места од светот. Од DSA (Drone Sports Association) дури и беа домаќини на
Светското првенство за трка со дрон кое се одржа во октомври. Од таму сметаат дека олимписките амбиции се реални, иако не се работи за атлетски спорт, сепак се вложува физички напор.
Амбицијата е присутна и кај оние кои ги управуваат леталата и велат дека со ова би се бавеле и професионално. За овој спорт да стане дел од олимписките дисциплини потребно е вложување и корпоративни инвестиции, а се разбира и ваквата активност постојано да биде достапна до јавноста. Преносот на ESPN е еден добар почеток за тоа.
Дали трката со беспилотни летала ќе биде олимписка дисциплина е дебата за во иднина, а сега организаторите на трките се фокусираат на проширување на натпреварите, а учесниците пак, на подобрување на своите вештини. Инаку Олимпискиот комитет додаде
пет нови дисциплини, па можеби еден ден и Кен Лу ќе однесе златен медал за САД за трка со дрон.