X
 01.08.2015 Технологија

"Facebook" ќе тестира беспилотни летала за безжичен интернет

Фејсбук“ штотуку ја заврши финалната верзија од своето беспилотно летало за интернет. Се работи за уред кој треба да обезбедува интернет во изолираните региони. Планот на компанијата е со повеќе вакви летала да се обезбеди пристап до интернет за милијарди луѓе низ светот. Уредот е наречен „Акила“ и веќе е подготвен за своите први тестирања.


Како изгледа уредот?

Доколку мислите на оние мали летала, не се работи за тоа. Уредот има распон на крилјата како и „Боинг 737“. Леталото, кое работи на соларна енергија, е изградено во рамките на проектот „Интернет.орг“, кој се промовира од страна на компанијата веќе цела година.





Со леталата, интернетот ќе биде испратен директно на површината на земјата. Се смета дека 10% од светското население кое моментално нема пристап до интернет ќе добие пристап благодарејќи на овие летала.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија