Кинескиот натпревар „Тианфу“ е познат како најпрестижен хакерски натпревар во земјата. Натпреварувачите оваа година успеале да ги пробијат системите на прелистувачот „Хром“, „iOS“ на „Епл“ и „Виндоус 10“ на „Мајкрософт“.
Натпреварот, кој бил одржан неодамна, покажува дека најкористените и најпопуларни оперативни системи во светот може лесно да бидат хакирани. Талентираните млади учесници покажале дека хакирањето на оперативните системи е лесно и брзо со помош на нови моќни хакерски системи.
Натпревар се одржа по третпат. На него учествувале 15 тима кои се
натпреварувале за награди за успешно хакирање на што поголем број системи со ограничен број обиди. Победниците, тим од истражувачкиот институт за безбедност „360 ЕСГ“, однеле дома 744.500 долари.
За време на натпреварот тимовите успеале да ги хакираат системите „Хром“, „Сафари“, „Фајрфокс“, „Адоби ПДФ ридер“, „iOS 14“, „Андроид“, „Виндоус 10“, „АСУС рутер“ и други.
Автор: Исаја Алонзо
Извор:
techtimes.com
Насловна фотографија: Pixabay