Во
вторник во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 4 до 13 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 14 односно до 24 степение.
Во Скопје во вторник појава на утринска магла, во текот на денот претежно сончево со локална облачност. Утринската температура од 9 степени, а максималната дневна до 21 степен.
Во
среда претежно сончево со локална облачност и потопло. Утринските температури од 3 до 12 степени, а максималните дневни до 15 односно до 25 степени. Во
четврток умерено облачно со сончеви периоди, минималните температури од 6 до 15 степени, а максимални од 14 до 24 степени. Умерено облачно со сончеви периоди и во
петок, попладне услови за слаби врнежи се очекуваат во крајните западни и југозападни предели. Утринските температури од 5 до 14 степени, а дневните ќе се движат од 15 до 25 степени. Во
сабота претежно сончево со локална облачност. Дневните температури од 15 до 25 степени.
Во вторник, среда и четврток во текот на ноќта и во утринските часови ќе има појава на магла.
Weather4all.com.mk