X
 16.11.2016 Живот

Повик до сите млади креативци



Проектот VoiceUp! е насочен кон сите млади заинтересирани за создавање постери, фотографии, музика, кратки филмови и секакви аудио, визуелни и аудио-визуелни содржини преку кои ќе одекне нивниот глас, став, мислење, идеја за општествената ситуација во која се наоѓаме како граѓани. Преку овие содржини ќе навлеземе во социјалната димензија на социјалните медиуми, а истовремено ќе создаваме нов простор за ангажирано креативно изразување.

Постапката за одбирање на учесниците подразбира правилно пополнета електронска апликација (во продолжение) и исполнување на долунаведените критериуми. При пополнување на апликацијата, задолжително е пополнување на прашањата обележани со црвена ѕвезда.

Потенцијалните учесници треба да ги исполнуваат следните критериуми:

1. Да бидат на возраст од 18 до 35 години (со можност за прифаќање на апликации од апликанти кои се постари од 35 години);
2. Искуство или основно познавање од создавање на аудио, визуелни или аудио-визуелни содржини;
3. Способност да ги општат и развиваат нивните идеи низ динамични и инспиративни содржини преку социјалните мрежи;
4. Да создадат автентично присуство на социјалните медиуми со голема видливост и досег;
5. Способност да работат самостојно или во група, доколку нивната одбрана содржинска форма го налага тоа.

Учеството е бесплатно, а за учесниците на располагање ќе има посебна веб-страна со туторијали, е-училница и форум на кој ќе може да разменуваат знаења и да контактираат со самите предавачи. Туторијалите ќе бидат достапни на македонски јазик на самата веб-страна.

Пополнете го формуларот

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот