X
 25.03.2018 Живот

Тест за дивергентно размислување којшто може да ви обезбеди работа


Илустрација: Сијалица и испашана табла за пишување
(Фото: Pixabay)


Сакате подобри резултати на работа? Тогаш најдете повеќе луѓе со една ретка особина. Замислете да изградите еден тим со таква природна „суперсила“. Како тоа ќе се одрази на вашата продуктивност?

Алберт Ајнштајн еднаш забележал: „Значајните проблеми со кои се соочуваме не можат да се решат со исто ниво на размислување на кое сме биле ние кога сме ги создале“.

Парафразирајќи го Ајнштајн – сè е работа на перцепција. Не можеме да ги решиме нашите проблеми и да ги надминиме нашите предизвици само ако нешто работиме поинаку; мораме да размислуваме за проблемите на целосно различен, дивергентен начин.

Тоа значи дека мораме да имаме поинаков пристап во начинот на решавање на проблемите кај луѓе кои ги вработуваме и со кои соработуваме. За среќа, науката веќе изградила темели во ова истражување и идентификувала начин како да се најдат тие луѓе.

Дивергентни мислители


Научниците тоа го нарекуваат дивергентен начин на размислување, а кога некој го поседува тоа, би можел да биде играчот кој ќе ја промени играта кон зголемување на ингениозноста и продуктивноста на работното место.

Основата која стои зад дивергентното рамислување е следната: оние кои можат без проблем да настапат кон вистинскиот темпорален дел од мозокот, можат да генерираат и повеќе сродни идеи за одредена тема или проблем, истражувајќи многу можни решенија.

Просто и едноставно, дивергентните мислители размислуваат поинаку; тие имаат неверојатна способност во кратко време да добијат мноштво идеи и без стрес да ги решаваат проблемите, за разлика од другите колеги кои конвергентно размислуваат на систематичен и линеарен начин.

Тест на дивергентно размислување кое можеби ќе ви помогне да најдете нова работа


Дивергентните мислители буквално размислуваат „надвор од кутијата“. Следниот пат кога ќе сакате да тестирате кандидат за работа со различни вештини за размислување, користете го тестот „со девет точки“. Тестот бил популарен во 1970-тите и 80-тите, и го користеле консултантите за менаџмент кои ги подучувале вработените на контра-интуитивно решавање на проблемите.


Дијаграм-девет точки
(Фото: Wikimedia Commons)


Упатствата се едноставни:


Треба да се поврзат сите девет точки без да се подигне моливот од хартијата, користејќи само четири прави линии. Прво пробајте сами: копирајте го овој дијаграм на парче хартија и обидете се да го решите пред да продолжете со читањето.

Ако сте конвергентен тип на мислител (како повеќето од нас), поврзувањето ќе ви се чини неможно со само 4 линии! Ние остануваме во замислената кутија чии ѕидови се околу овие точки, но за дивергентните мислители, нивната природна склоност ги тера да го решат проблемот со буквално размислување надвор од оваа кутија – со цртање надвор од линиите, како што гледате подолу.


Дијаграм - поврзани точки
(Фото: Wikimedia Commons)


Што значи ова за вашата работа

Додека со вашиот висок конвергентен коефициент на интелигенција систематично ќе го нападнете проблемот додека не го најдете решението, дивергентните мислители не бараат еден единствен вистински одговор, туку измислуваат што поголем број на можни решенија.

Кога културата на целата компанија ќе се префрли на експанзивно истражувачко мислење, каде вашите креативни работници имаат слобода да ги доведуваат во прашање стандардните процеси, правила и конвенционалната мудрост, се случуваат плодни ерупции на дивергентно рамислување, кои водат до нова ера на поставување претпоставки, размена на знаења, расправа за алтернативи и размислувања за контра-интуитивни  начини на решавање на проблемите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот