МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во сабота по студеното и понекаде магловито
утро во текот на денот претежно сончево со појава на локална облачност и
топло време. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер.
Утринските температури од -3 до 3 степени, додека пак максималните
дневни температури ќе достигнат до 10 односно до 17 степени и воедно ќе
бидат за 2-4 степени над просекот за овој период од годината.
СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла. Во текот на
денот сончево и топло време. Слаб јужен ветер. Утринската температура од
0 степени, а максималната дневна до 14 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – И во наредните денови нашата држава ќе биде под
антициклонско влијание кое што ќе ни условува сончевото и надпросечно
топло време за овој период од годината. Во недела и понеделник сончево и
топло со максимални температури кои ќе се движат во интервал од 11 до 17
степени. Сончево и топло ќе биде и во вторник со дневни температури кои
ќе достигнат до 10 односно до 16 степени, а во среда се очекува појава
на локална облачност која што нема да влијае на максималните температури
кои ќе останат непроменети во однос на претходниот ден и ќе се движат од
10 до 16 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во вториот ден од викендот но и првиот работен
од следната седмица ќе биде сончев и топол, утринската температура од 1
степен, а максималната до 14 степени. Во вторник сончево и топло со
температура до 13 степени. 13 степени се очекуиваат и во среда кога ќе
преовладува претежно сончево време со локална облачност и топло.
Weather4all.com.mk