Денес е вторник, 6 септември 2016 година, 250-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 05:59, а ќе зајде во 19:01 часот. Денот ќе трае 13
часа и 01 минути.
Во Македонија ова утро имаме облачно време проследено со врнежи од дожд.
Облачно но без врнежи е само во јужните и југоисточните предели.
МАКЕДОНИЈА - Врнежите од дожд кои што ќе започна во текот на ноќта
понеделник кон вторник се очекува да продолжат и денес, насекаде во
Македонија. Врнежите ќе бидат проследени со засилен североисточен и
југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Поинтензивни
врнежи се очекуваат во попладневните часови и тоа најмногу во западните,
југозападните и јужните предели, каде локално може да наврнат и до 30
литри дожд. Утринските температури ќе се движат во интервал од 11 до 19
степени, додека пак максималните ќе бележат големо опаѓање и ќе
достигнат само до 14 односно до 24 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, ветровито
и свежо. Ќе дува доумерен засилен североисточен ветер. Утринската
температура од 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 20
степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – И во наредните денови Македонија останува под
влијание на Медитеранскиот циклон кој што ќе носи врнежи од дожд,
засилен ветер и посвежо време. ВО среда облачно со врнежи од дожд и
идентични температури кои ќе се движат од 14 до 24 степени. Поинтензивни
врнежи се очекуваат во југозападните и јужните предели. Во четврток,
петок и сабота умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд, но
врнежите ќе бидат со многу послаб интензитет. Максималните температури
во четврток од 17 до 27 степени, во петок од 15 до 25 степени и во
сабота од 19 до 29 степени.
Фудбалскиот натпревар помеѓу Албанија и Македонија кој синоќа беше
прекинат поради невремето, а треба да се доигра во текот на денешниот
ден, најверојатно нема да го дочека својот крај, бидејки и денеска во
Албанија и во регионот на Скадар се очекуваат обилни врнежи од дожд во
текот на целиот ден.
Weather4all.com.mk