X
 22.11.2016 Технологија

Ова се најпопуларните програмски јазици за почетници

Способноста да се напишат компјутерски програми е несомнено една од најдобрите вештини што може да ги видите во денешниот свет. Со компјутерите и другите паметни уреди чија популарност се зголемува постојано секогаш ќе има потреба од компјутерско програмирање. Како и да е програмирањето не е лесно доколку не е потпомогнато од различни програми.

Тука ќе ги разгледаме најдобрите опции кога станува збор за избор за учење на програмски јазици доколку сте почетник.


прогармирање


1. „Python“

Прашајте било кој програмер и ќе ви биде кажано дека „Python“ е несомнено најдоброто место да започенете како почетник, кој сака да влезе во светот на програмирањето. Иако овој програмски јазик денес не се користи толку често, сепак е забавен и лесно се учи. Иако имате мали шанси да ги ставите вештините од „Python“ во реалниот свет, тој е јазик кој служи како мост кон вашето понатамошно изучување на посложени јазици.

2. „JavaScript“

Ако немате намера да пишувате компјутрески програми дизајнирани за работа на десктоп апликации, сепак имате полесен избор, а тоа е да програмирате исклучиво за веб страни. Ако тоа е местото од каде што сакате да почнете, „JavaScript“ е најдоброто решение. Овој програмски јазик сé уште се користи од голем број на веб страни денес, обезбедувајќи интерактивност за веб страните со прилично едноставен јазик.

Ако веќе имате добро разбирање на HTML, „JavaScript“ ќе биде јазик прилично лесен за вас.

3. „Java“

„Java“ е несомнено најпрактичниот јазик што може да го научите и тоа е затоа што неговата употреба е широко распространета. Многу програмери започнуваат со „Java“ бидејќи научените вештини преку овој програмски јазик може лесно да се применат со други слични јазици како на пример: „C ++“.

Се рарзбира „Java“ може да се примени во голем број на различни типови на програми, вклучувајќи видео игри и многу специфични апликации на уредите Android кои користат „Java“.

4. „C“

Доколку планирате да одите на понапредно ниво со вашите програмерски вештини, тогаш „C“ е одличниот избор. Но, сепак не се препорачува да го учите програмскиот јазик „C“, без претходно знаење на другите програмски јазици, по можност „Java“. Ќе откриете подоцна дека „C“ ве учи како да кодирате ефикасно и бидејќи ова е еден од најчесто користените програмски јазици, ќе бидете во можност да ги примените стекнатите вештини во голем број на проекти.

Се разбира постојат многу други различни опции на располагање кога станува збор за избор за учење на програмски јазици. Сепак лесно е да се види зошто овие 4 програмкси јазици се некои од најпопуларните. Изработката на компјутерски програми не мора да биде толку тешко благодарение на тоа што денес се достапни многу програмски јазици.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија