X
 20.02.2017 Технологија

Најдобрите програмски јазици за 2017

Кои програмски јазици се потребни за изучување во 2017? Одговорот зависи од повеќе работи – дали сакате да отворите сопствена компанија, колку сте спремни да инвестирате во знаење и со колку слободно време располагате?


По истражувања и анализирање на веб страници со висок рејтинг како „PYPL“, „TIOBE“, „Trendy Skills“, „Google Trends“, „Indeed“, ова се трендовите за 2017:

1.    „JavaScript“

Еден од најупотребуваните програмски јазици а сега е лансирана и најновата верзија. Откако ќе го разберете „JavaScript“, експертите советуваат да го учите и „jQuery“, што се смета за библиотека на различни приклучоци (plugins’).

2.    Java


Ниедна листа не е комплетна без овој програмски јазик. Се користи на над 15 билиони компјутери. Учете го ако сте заинтересирани за креирање Андроид апликации, игри, софтвер и веб страници.

3.    Python

Одличен програмски јазик и за почетници и за професионалци. Се користи на „Instagram“, „YouTube“, „Reddit“, „NASA“.

4.    Elixir


Функционален, динамичен програмски јазик креиран за создавање на одржливи апликации. Одличен за големи апликации кои бараат извршување на повеќе задачи одеднаш.

5.    Rust

Одличен програмски јазик за создавање брзи и сигурни апликации. Го користат веб страници како „Dropbox“ и „Coursera“.

6.    Go

Креиран од „Google“, а го користат „YouTube“, „Netflix“ и „Adobe“.

7.    TypeScript


Брзо ја стекнува популарноста, а сега е лансирана и нова верзија која ги содржи сите додатоци на „JavaScript“.

8.    PHP


Популрен програмски јазик кој најчесто го користат „Wikipedia“, и „Facebook“.

9.    Ruby on Rails

„Airbnb“, „Groupon“, „Twitter“, „Shopify“ го користат овој програмски јазик, што значи претежно бизнис веб страници. Ако сакате да го користите овој програмски јазик, експертите советуваат добро да го познавате и „JavaScript“.

10.    C#

Широко распространет програмски јазик, а во 2017 ќе биде лансирана и нова 7.0 верзија.

11.    Swift

Креиран од „Apple“ кои имаат големи планови во врска со развојот на овој програмски јазик.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија