Вработените во американската компанија „Pivotal Software“ во 20-те канцеларии низ целиот свет треба да бидат на своето работно место точно во 09:06 часот наутро. За да им се помогне да внимаваат на времето имаат ѕвоно за опоменување и тогаш сите се собираат за состанок кој трае до десет минути.
Програмерите во компанијата потоа ја извршуваат својата работа до крајот на денот и немаат никакви состаноци или пречки во текот на работниот ден. Шефот на компанијата, Роб Ми вели дека сака да го направи работниот ден ефикасен.
Но зошто токму 09:06?
„Психолошкиот ефект: Ако работниот ден започнува во 9 часот, работниците помислуваат дека не е голема работа, ако малку задоцнат. Затоа мислевме да почнеме од 09:05, но тоа беше премногу прецизно, а тоа не им се допаѓа особено на програмерите, бидејќи на некој начин се чувствуваат „ограничени" и затоа решивме тоа да биде 09:06 часот“- објаснил Ми.
И на крајот на денот, секој мора да ја напушти канцеларијата во 6 часот попладне бидејќи на работниците им е забрането да работат во вечерните часови.
Ми и за тоа има објаснување: „Прогармерите не може да програмираат ако се премногу уморни, па затоа не сакаме да работат доцна во ноќта“.
„Pivotal Software“ е успешна компанија со вредност од 2.8 милијарда долари, а работи за „Dell“, „Microsoft“, „General Electric“ и „Ford“. Воглавно работат на софтвери за овие компании, но имаат и програми за обука на работници.
Save