X
 25.11.2016 Наука

Како настанал најинтелигентниот симбол за бесконечно?

Математичкиот симбол за бесконечно (∞) е сѐ почесто се употребува во многу области на секојдневниот живот.

симбол за бесконечност


Речиси никој не го знаел неговото вистинско значење сѐ до 1655 кога до него дошол англискиот математичар Џон Валис  и денес тој се смета за еден од пионерите на инфинитезмалното сметање. На 15 години во училиштето Мартина Холбича во Фелстеду станал заинтересиран за математиката, но дури подоцна почнал да пишува за неа.

На математиката тогаш се гледало повеќе како на академска дисциплина, а не како на механичка. Најголем придонес во медицината има дадено во објаснувањето на циркулацијата на крвта, но дипломирал и математика во 1637 година година, а 18 години подоцна го издал делото „За пресекот на пехарот“. Според Џон Валис, бесконечното треба да се третира како математички број во многу случаи или како што вели Валис, тој е „бесконечна серија на паралелни линии“.

Денес се познати два начина на кои би можел да настане симболот за бесконечно (∞): или станува збор за варијанта на грчката буква омега (ώ), што ретко се споменува, или станува збор за малку изменет начин на пишување на римскиот број 1000.

Индиските и грчките математичари бесконечноста повеќе ја третирале како филозофски, а не како математички поим, но и затоа што симболот од Валис бил едноставен за пишување.
Џон Волис работел и на сметање на брзината, еластичноста и нееластичноста на телата, има дадено придонес и на геометријата, а успеал да се посвети и на музиката преку своето математичко знаење. Бил познат и по способноста да пресметува напамет, но поради тоа имал и несоници. Еднаш успеал на памет да пресмета квадратен корен од некој број сѐ до 53 цифри пред да успее да заспие, а кога се разбудил успеал да се присети на тие корени сѐ до 27 цифри додека му ги диктирал на својот помошник.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука