Нов документарен филм за математика и концептот за бесконечноста прави гледачите да се сомневаат во сè што знаат.
Документарниот филм наречен „Пат до бесконечноста“ (A trip to infinity), кој може да се гледа на „Нетфликс“ од септември, го истражува концептот за бесконечност користејќи повеќе комплексни теории за физика, математика, космологија и филозофија.
Филмот го поставува прашањето дали сме способни да ја разбереме бесконечноста и дали таа воопшто постои. Според она што е објавено на социјалните мрежи, гледачите се фасцинирани од повеќе теории кои се разгледуваат во филмот.
Една од нив е теоријата според која доколку јаболко остане во кутија милијарди години, неговите основни честички теоретски ќе поминат низ секоја можна состојба за на крајот повторно да го вратат јаболкото во оригиналната состојба. Што мислите вие, дали јаболкото ќе постои бесконечно?
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)