X
 26.11.2016 Живот

Фрази кои сигнализираат измама

Најдобриот начин да се предвиди дали личноста со која зборувате ја кажува вистината е со вербални заклучоци. Одредени искази укажуваат на поголема можност за измама, но не постои вербален заклучок што тоа може точно да го предвиди.

лажго


Одредени зборови или групи на зборови сигнализираат дека сте измамени. Прочитајте за пет од нив:

„ТОА Е ЗА ТОА“

„За“ укажува дека личноста има повеќе за објаснување отколку што кажува. Ако говорителот рекол сѐ што треба нема да го употреби. Луѓето што ја зборуваат вистината ги поврзуваат соте факти без страв за правни и општествени последици. Оние кои лажат не ја кажуват целата приказна затоа што кријат нешто што не сакаат да биде откриено.

„НЕ МОЖЕШ ДА ГО ДОКАЖЕШ ТОА“

Искрените луѓе не размислуваат за докази. Тие знаат дека не постои доказ затоа што не го направиле она за што говорникот ги обвинува. Измамниците знаат дека тој постои, но и дека говорникот нема доволно докази за да ги обвини.

„ЗОШТО БИ ГО НАПРАВИЛ ТОА?“

Ако соговорникот бара од Вас да одговорите на прашање со прашање, тоа е голем аларм за измама. Искрените луѓе веднаш одрекуваат, а на измамниците им е потребно подолго време за да измислат одговор во кој другиот би верувал.

„ДАЛИ МЕ ОБВИНУВАШ?“

Со ова прашање обвинетиот може да се обиде да го сврти вниманието кон другиот за да ја сокрие вината. Она што виновниот не го кажува е „Како се осмелуваш да ме обвиниш? Подготви се да се одбраниш.“ На овој начин измамникот суптилно се обидува да се оправда од обвинувањата.

„НЕ СЕ СЕЌАВАМ ДЕКА СУМ ГО ПРАВЕЛ ТОА.“

Измамниците често изјавуваат дека имаат недостаток на меморија како начин да ја прикријат вистината. Луѓето кои ја зборуваат вистината обично одговараат со „не знам“ и се обидуваат да направат сѐ за да се сетат на настанот. Измамниците не сакаат да ги откријат сите информации поради страв да не се открие вистината, или може да не признава дека направил нешто и да глуми дека нема сеќавања од настанот.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот