X
 04.10.2015 Технологија

Како да откриете лажен iPhone или Android паметен телефон?

Евтините кинески телефони кои се копии на оригиналните смартфони уште од одамна се имаат појавено на пазарот, меѓутоа во последно време огромната побарувачка доведе до масовен прилив на фалсификувани паметни телефони, па на купувачите често пати им се случува да купат лажен паметен телефон.

За да ви помогнеме да не погрешите и да го купите оригиналниот паметен телефон, ви нудиме најлесен начин како да откриете фалсификуван паметен телефон.

 

1 чекор: Истражувајте


Најлесниот плен на измамниците им се луѓето кои не знаат, такашто најдобриот начин за да зебележите измама е да се едуцирате себеси за тоа каков паметен телефон сакате да купите. Згора на тоа, проучувањето и истражувањето ќе ви овозможи да направите паметен избор отколку да се потпирате на „лојалноста“ кон одреден бренд или нивните рекламни кампањи.

 

1


Некои од најважните работи на кои треба да обрнете внимание во истражувањето се материјалите користени за уредот, бројот на моделот и верзијата на софтверот. Лажните паметни телефони обично имаат различни материјали, па добро би било да знаете кои делови од уредот треба да бидат метални, кои од стакло, а кои од пластика. Посетете страна како GSMArena, потоа напишете го точниот број на моделот и софтверската верзија пред да купите паметен телефон.

2 чекор: Проверете ја софтверската верзија и бројот на моделот

Откако ќе се сретнете со продавачот, обидете се да го проверите бројот на моделот и софтверската верзија. Со iPhone оваа информација можете да ја пронајдете во Settings -> General -> About, а со Android телефон во  Settings -> About phone (или About device).

 

2


Додека сте во менито, проверете го бројот на моделот на уредот, OS верзијата и дури и baseband верзијата. Проверете ги овие бројки со оние кои сте ги пронашле во текот на вашето првично истражување, и имајте на ум дека продавачите на евтините фалсификати воопшто не се мачат да ја ажурираат најновата верзија на оперативниот систем.

3 чекор: Проверете го IMEI


Додека сте во менито About или About phone, проверете го IMEI бројот, кој во суштина е универзалниот сериски број за мобилни уреди. Кај iPhone-oт, оваа информација треба да биде наведена директно во менито About, a кај Android, одете во Status, и изберете IMEI information за да го видете целосниот број.

 

2


Откако ќе го дознаете IMEI бројот, одете на страната за универзална проверка на IMEI броеви и внесете го бројот за да видете дали е валиден или не. Доколку е невалиден, тогаш ова покажува дека или телефонот е фалсификуван или е украден.

 

4


4 чекор: Одете во Download Mode, Recovery Mode или Fastboot


Уште еден начин да го проверите легитимитетот на паметниот телефон е да го подигнете во Download mode, Recovery mode или Fastboot. Со оглед на тоа што овие менија се релативно непознати и до нив тешко се доаѓа, фалсификаторите генерално не се мачат да го прикријат интерфесојт.

Процесот на подигнување на телефонот на едно од овие менија варира меѓу уредите.

 

5


За Apple iPhone - Континуирано притиснете го и држете го копчето „home“, потоа поврзете го со компјутерот за да влезете во Recovery mode.

Samsung уреди - Притиснете го и држете го копчето за приклучување/исклучување на телефонот заедно со копчињата за глас за да влезете во Download mode.

Други Android уреди
- Притиснете го и држете го копчето за приклучување/исклучување истовремено со копчињата за глас за да влезете во Fastboot.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија