X
 24.03.2017 Култура

Фрази кои често ги користат успешните луѓе

И покрај некои мислења, лидерите не се роботи и често ја покажуваат својата човечка страна.

успешни лидери
Фото: Ilustracija

Ќе се изненадите кога ќе сфатите дека и најуспешните ги покажуваат своите слабости и токму тоа ги прави успешни. Дознајте како топ-менаџерите реагираат на грешките на членовите од нивниот тим, што им велат на соработниците за нивните одлуки и многу други фрази.

1. „Не се грижи“


Кога еден член на неговиот тим ќе згреши, вистинскиот лидер не го напаѓа велејќи му колку погрешно постапил, туку му приоѓа смирено и му вели: „Не се грижи“. Секому може да му се случи да згреши, а кога ќе се случи, добрите менаџери знаат дека грижењето за работи врз кои не може да се влијае едноставно е губење на време.

Доколку личноста не ја повтори истата грешка или не е ни свесна за својата грешка, нема потреба да биде осудена поради случајна грешка. Секому може да му се случи да згреши, а критиката може само негативно да влијае врз личноста, со што и во иднина личноста би можела да биде несигурна и од страв да направи дополнителни грешки.

2. „Кое е вашето мислење“?


Можеби лидерите не секогаш се согласуваат со мислењата и изјавите на другите луѓе во нивното опкружување, но тие се доволно искусни за да знаат дека е подобро да бидат во тим во кој секој го кажува своето мислење отколку во тим во кој секој се согласува за сè и се плаши да даде приговор. Охрабрувањето на соработниците да го кажат своето мислење може да го направи само силниот лидер кој знае што прави и кон што цели.

Самоуверените менаџери знаат дека и туѓите мислења се важни и дека може да дадат одлични идеи и резултати. Тимот кој знае дека е ценет и кој има слобода на изразување ќе биде не само задоволен, туку и доста продуктивен бидејќи повеќе ќе се труди и ќе размислува за новите начини на унапредување на работата.

3. „Не“


Скоро секој од нас има различни активности во нивниот роковник кои чекаат да бидат исполнети, и мечтае на некои активности да каже не. Додека некои менаџери мислат дека ќе покажат дека се успешни ако успеат да го реализираат секој проект и секоја идеја, оние успешните знаат дека успехот е базиран на избор на оние задачи кои ќе ги прифати да ги работи и оние на кои едноставно ќе каже не.

И самиот Стив Џобс еднаш рекол: „Горд сум на работите кои ги направив исто колку и на работите кои не ги направив. Иновацијата бара да кажете не на многу работи“.

4. „Не знам“

Некои можеби би помислиле дека главниот менаџер не смее да си дозволи да не знае нешто, но оние кои го достигнале врвот во работата знаат дека никој не знае баш сè. Она во кое се разликуваат успешните лидери од оние кои не се лидери е самосвесноста и самодовербата, кои им овозможуваат да признаат дека во нешто не се упатени, но и подготовката веднаш да се посветат на истражување и дополнување на своето знаење.

Абрахам Линколн своевремено во неговиот кабинет, бил опкружен со експерти од различни области кои знаеле многу повеќе за одредени теми од самиот тој. Хенри Форд го направил истото. Да се биде свесен за сопствените способности, но и она што не го знаете и да работите на сопствено унапредување - е тоа е успешен и вистински лидер.

Успешните лидери располагаат со знаење и вештини поради кои се самоуверени, конкретни, но и толерантни во донесувањето на одлуките и комуникациите со своите соработници. Тие знаат да постават цели, да го охрабрат својот тим, но знаат и да признаат и да ги простат грешките како себеси, така и на другите, а токму овие карактеристики ги прават реализирани и успешни раководители.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура