X
 26.11.2016 Живот

Нешта што не сте ги знаеле за Фидел Кастро

Кастро бил на власт 49 години, а за тоа време САД смени 10 претседатели

1. Фидел Кастро е роден на плантажата за шеќер на неговото семејство во близина на Биран, Куба. Неговиот татко бил имигрант, работник од регионот Галиција во Шпанија, но на крајот станал просперитетен сопственик. Во интервју од 1992 година, Кастро изјавил: „Не звучи премногу добро да се каже јас сум син на сопственик, па преферирам да кажам дека сум внук на експлоатирани галициски селани".


Фидел Кастро


2. Кастро станал политички активист додека студирал на Правниот факултет на Универзитетот во Хавана.

3. Тој се оженил со Мирта Дијаз Баларт, ќерка на богато семејство поврзано со режимот на Батиста. Имаа син, Фиделито (малиот Фидел), кој се роди во 1949 година. Мирта поднела барање за развод, додека Кастро сè уште беше во затвор, откако неговите љубовни писма до кубанката Наталија Ревуелта и писмата до неговата сопруга биле сменети. Равуелта рекла во интервју дека верува дека директорот на затворот ја организирал смената на писмата .

4. Познат по неговата љубов кон хаванските пури, тој се откажал од пушењето во 1985 година поради здравствени причини.

5. Тој почнал да носи брада како млад револуционер што живее во планините. Брадата не беше само симбол на герилски борец, туку Кастро имал практични причини. „Ако пресметате 15 минути на ден за бричење, тоа значи 5.000 минути во една година поминати во бричење", рекол тој, додавајќи дека тој повеќе би сакал да го помине ова време на поважни активности.

6. Кастро бил на власт 49 години. Во тоа време се смениле 10 американски претседатели.

7. Тој еднаш изјавил дека една од неговите омилени книги е „За кого бијат камбаните“ од Ернест Хемингвеј, дејствие што се одвива за време на Шпанската граѓанска војна во 1930-те години.

8. Иако Кастро е познат по траењето на неговите говори по 7 часа, тој не ја објавувал неговата работа за време на неговата долга кариера.

9. Како млад човек неговите интереси биле: ловење риби со копје (spearfishing), готвење и читање.

10. За време на интервјуто за U.S. News во 1994 година, Кастро бил запрашан за можностите за политичка либерализација и одговорил дека Куба може да биде управувана само од револуцијата.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот