Процентот на жени иноватори од вкупниот број истражувачи што поднеле барање за патент бил највисок во Куба во 2021 година, според податоци од Светската организација за интелектуална сопственост.
На глобално ниво, само 17 отсто од сите истражувачи што аплицирале за патент минатата година биле жени. Куба убедливо води со учество на жените од 53 отсто.
По неа следуваат Филипините со 38 отсто и Португалија со 34 отсто. Во Кина овој процент изнесува 24 отсто, а во САД 16 отсто. Во Обединетото Кралство 14 отсто од иноваторите во 2021 биле жени, а во Германија 12 отсто.
Извор:
World Economic Forum
Насловна фотографија: Pixabay