X
 30.11.2016 Технологија

Приватните постови на Facebook можеби се и јавни?

Од Facebook воглавно добро ја завршуваат работата кога ни е потребно да знаеме колку нашите пораки се приватни или не. Меѓутоа, постои еден детал кој можеби многумина го пропуштаат и заради кој можеби потполно јавно објавуваме работи што сметаме дека се наменети само за одредени лица. До ова би можело да дојде ако рачно сте ги промениле подесувањата за еден одреден пост за да го видат повеќе луѓе отколку за другите работи кои ги објавувате.


Можеби сте мислеле дека тие подесувања се однесуваат само за тој пост – но, промената на подесувањата на еден пост всушност е активно подесување за сето она што во иднина ќе го објавите. Ако еден пост сте го објавиле како јавен, потоа и сите идни постови ќе ви бидат јавни. Од компанијата велат дека може да се одредува нивото на приватност со помош на опцијата за избирање на публика, Таа команда го памети вашиот избор, па така секој нареден пост ќе биде достапен за истата публика, ако повторно не ги промените подесувањата. Може да се случи и да не добиете нотификација дека таа промена ќе се однесува и за сите идни ваши постови. Од таа причина многумина се изненадиле кога некои нивни приватни работи кои биле наменети за најблиските, завршиле на страниците на многу поголем број корисници.

Пред да објавите пост, внимавајте на долниот десен агол од самиот пост и проверете дали ќе биде достапен за пријатели, дали е приватен или пак е наменет за сите корисните, односно е јавен.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија