X
 01.03.2023 Живот

Приватните превозници постигнаа договор со Град Скопје, очекуваат да почнат со работа од 20 март

Конечно имаме договор со Градот Скопје, ги договоривме сите детали, од исплатата на долгот на ЈСП од 1,5 милион евра до пуштањето на јавните повици, изјави Јовица Зафировски, член на приватните превозници.

На денешната прес-конференција Зафировски информира дека јавните повици за сите линии ќе се објават в петок или в понеделник.

- На тој јавен повик ќе се пријавиме сите, нема причина да не се пријавиме, условите ни одговараат. Очекуваме дека до 20 овој месец ќе почнеме со работа - рече тој, појаснувајќи дека ќе има три јавни повици, односно три пакети и ќе бидат опфатени сите линии, меѓутоа, со нова прераспределба.

Зафировски рече дека засега немаат потпишано ништо, туку ова им било презентирано усно.

Во врска со застареноста на некои од автобусите, Зафировски рече дека целата листа со автобуси е доставена до Град Скопје и дека градоначалничката изразила подготвеност да ги субвенционира во тој дел.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот