Новото седиште на Apple налик вселенски брод

Новото седиште на Apple налик вселенски брод

Подготвил: Маја Пероска

На YouTube неодамна беше објавено видеото во кое детално е објаснета изградбата на новото седиште на Apple.


Видеото е снимено со беспилотно летало и ја прикажува речиси довршената зграда на познатиот технолошки гигант, која на себе има соларни плочи.

Со својот кружен облик, објектот потсетува на вселенска чинија, а заради импозантниот паркинг со простор за 20 илјади возила, може да се каже дека потсетува и на луксузен стамбен комплекс повеќе отколку на канцелариски простор.