X
 17.06.2017 Живот

Луксузот и богатствата на Дубаи

Богатите луѓе секогаш наоѓаат начин за да се забавуваат во Дубаи – на куќа која плови по море креирано од човек или во ледено кафуле во кое температурите се речиси секогаш под нулата.

фото извор: Nick Hannes

Атракциите во Дубаи покажуваат дека навистина само небото е граница. Иако често има песочни буи и температурите се некогаш неподносливи, сепак Дубаи само минатата година било посетено од 15 милиони луѓе, а до 2020 бројката се очекува да достигне и 20 милиони. Во Дубаи додека има место, ќе продолжи да се гради, вели Ник Хан, фотограф кој смета дека Дубаи е фасцинантно место. Иако се работи за конзервативно исламско општество, сепак има и либерален животен стил, смета Хан.

Тој посочува дека во Дубаи се изгледа како да е донесено од друго место. Трговските центи, Персиски и Кинески терени, дождовни прашуми инсталирани во пустината – вметнати се многу странски архитектонски стилови, некои од античкото доба, а некои од модерното време.

фото извор: Nick Hannes

Неговите фотографии го покажуваат луксузот во Дубаи. Тој никогаш не успеал да ужива во неговите убавини бидејќи постојано работи и фотографира. Одам за да фотографирам и да научат за општеството, а не да се релаксирам, вели Ник.


Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот