X
 01.12.2016 Живот

Тестирање на новите NIKE PEGASUS 33 SHIELD патики

Дизајнерите на Nike секоја сезона се трудат да ни претстават нова иновација во поглед на технологиите користени во изработката на патики за трчање. Оваа сезона, ни претставуваат иновации со кои се овозможува подобра терморегулација, со цел тркачите да можат несметано да трчаат на долги патеки.



Сите заинтересирани ќе имаат можност да ги тестираат новите SHIELD PACK модели во петок, 02.12.2016, во ТЦ Рамстор во Скопје. За сите заинтересирани кои ќе ги пробаат и тестираат новите SHIELD модели има обезбедено награди.

Nike Shield колекцијата вклучува производи специјално изработени и наменети за трчање во променливи (зимски) временски услови. Терморегулацијата е една од најважните работи при вежбање на ниски температури. Одржувањето на температурата на телото на соодветно ниво, без прегревање, е основната придобивка која Nike Air Pegasus 33 Shield Pack ја овозможува на тркачите.

Специјалниот иновативен DWR (трајно – водоотпорен) премаз од надворешната страна на патиката го штити стапалото од дожд и снег, додека ласерски дизајнираниот ѓон има подобрена тракција (шари како кај зимските пневматици за автомобили) која го олеснува дури и трчањето на снег.

Shield колекцијата ги вклучува и моделите LunarEpic Flyknit, Pegasus, Structure и Free, што им овозможува на тркачите да си одберат модел кој најмногу ќе им одговара и со кој ќе уживаат во трчањето и во текот на зимата.

Колекцијата, освен патиките, вклучува и нова колекција на облека за тренинг за тркачите со што ќе бидат комплетно опремени за трчање на ладно и влажно време.

Посетете нè во петок во Рамстор мол од 12 часот и тестирајте ги новите PEGASUS 33 SHIELD!
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот